Софтвер за безбедност и здравје при работа на Неодата

527

Софтверската компанија Неодата ДООЕЛ Скопје, следејќи ги законските измени во деловната сфера, изработи софтвер за безбедност и здравје при работа (БЗР), кој во целост ги покрива сите проценки, евиденции и обврски на деловниот субјект поврзани со оваа проблематика.

1

Зошто софтвер за БЗР?

  • Евиденцијата која се наметнува со законот за БЗР е обемна и динамична
  • Ненавременото спроведување на предвидени дејствија (прегледи или замена на опрема), повлекува огромни казни
  • Работните часови кои ќе ги заштедите со овој софтвер, соодветствуваат на работа на еден вработен 6 месеци
  • Модулот може да функционира самостојно, но и како интегриран дел од ЕРП софтвер поврзан со персонална евиденција, плати, основни средства и магацинско – материјална евиденција.
  • Евиденција за вработен. Ние ја опфаќаме целосната евиденција на лекарски прегледи, вакцинации, извршени обуки и задолжена заштитна опрема за вработените, кога е направен и кога е следен преглед или замена на опремата.
  • Евиденција за работна околина. Водиме евиденција за спроведените испитувања на физичките, хемиските и биолошките штетности на микроклимата во работните и помошните простории.
  • Апликацијата ги опфаќа сите функционалности потребни за водење евиденција во областа на безбедност и здравје при работа, изработена според најновите законски прописи.
  • Комплетна евиденција – досие, постои за секој вработен почнувајќи од неговите лични податоци, стручното обучување и оспособување на вработениот за безбедна работа, извршени прегледи, заболувања, повреди при работа или смртни случаи.

potsetnik

  • ПОТСЕТНИЦИ за вработените според одреден временски интервал: известувања кои вработени треба да бидат пратени на лекарски преглед или обука, известувања на кои вработени им завршува времетраењето на одредена заштитна опрема…
  • ПОТСЕТНИЦИ за работната средина според одреден временски интервал: известувања на кои средства за работа, на кои контролни прегледи и на кои мерки за работната средина треба да се извршат повторни прегледи.
  • Водиме целосна евиденција на средствата за работа на компанијата.
  • Имплементирана е можност за праќање на емаил потсетник до вработените за извршување на следен преглед.
  • Праќање „упат за преглед“ во pdf, како приврзок на емаил, за избран вработен.
  • Водење евиденција по локации на фирма, како и можност за водење евиденција за повеќе фирми.
  • Креирањето и печатењето на упати за здравствени прегледи е автоматско и на еден клик, ги црпи сите потребни податоци од системот.
  • Печатењето на известување за несреќа, индивидуална за одреден вработен или колективна, е автоматско.

3

Со нашиот софтвер сертифицираните вработени за БЗР најмалку време ќе трошат на административни работи. Нивниот работен ден ќе биде концентриран на производниот процес, контрола на работната средина и работните услови, што е вистинската цел на Законот за безбедност и здравје при работа.

Зошто да ја изберете НЕОДАТА за поддршка во Вашето деловно работење?

  • Поради нашето 20 годишно искуство во развој и имплементација на софтвер за деловно работење, развивано преку бројни успешни проекти во HR, ERP, CRM, но и во многу други области.
  • Ние сме експерти за софтвер за Човечки ресурси
  • Поради тоа што нашиот експертски тим постојано ги следи сите законски регулативи во Р. Македонија, што овозможува навремено имплементирање и надградба на софтверските решенија, без надокнада.
  • Поради нашата определба за креирање на долгогодишна соработка со нашите клиенти.
  • Поради целта да се овозможи софтверско решение кое е флексибилно и едноставно за користење.
  • Поради нашиот интерес да се понуди интегриран систем кој обезбедува целосна евиденција.
  • Поради можност за висок степен на заштита на податоците.
  • Поради постоењето на различни улоги на корисници, можност за нивно менаџирање и флексибилност на доделување и одземање на определени функции и акции кон корисниците од страна на администраторот.
  • Поради можноста за интегрирање со други апликации.
  • Поради тоа што нашата компанија нуди соодветна поддршка и одржување со соодветно backup-ирање на податоците.

Она што го добивате со НЕОДАТА е комплетна поддршка, не само во користењето на софтверот, туку и во совети и консултации за деловно работење, засновано на 20 годишно искуство во развој и имплементација на софтвер, развивано преку бројни успешни проекти во ERP, CRM, HR, но и во многу други области. Експертите од НЕОДАТА Ви стојат на располагање за реализација на сите Ваши идеи.

Со нашиот софтвер сертифицираните вработени за БЗР нема да го трошат работниот ден со јалово куцање на документи, туку ќе можат да бидат секојдневно присутни во производниот процес и запознаени со сите настани и промени, способни навремено да реагираат.

Времето кое го добивате со имплементација на софтвер за БЗР, Ви овозможува вистински да ја зголемите безбедноста на Вашите вработени.

Неодата ДООЕЛ Скопје е софтверска компанија која повеќе од 20 години е во сферата на деловното работење преку:

  • Анализа на бизнис процеси (LEAN)
  • Проектен Менаџмент (PRINCE 2)
  • Архитектура, планирање и програмирање на софтверски решенија
  • ICT Консалтинг
  • ERP, HR и CRM Консалтинг и имплементација и др.

Клиенти на Неодата се компании од сите области во индустријата кои се занимаваат со услужни дејности, производство, увоз, дистрибуција и продажба. Но клиенти на Неодата се и највисоките државни институции, како и банки и осигурителни компании.

neodata logo