Solein – протеинско брашно што придонесува за поздрава околина

211

Solar Foods, старт – ап од Финска создаде протеинска храна, во форма на брашно, којашто е безбедна за околината. При креирање на Solein се користи минимално количество на вода, а не е потребна ни плодна почва, како што е во случајот со вообичаеното производство на житарици.

Брашното е направено со спроведување на струја во вода со цел да се ослободат меурчиња од јаглерод диоксид и хидроген. Потоа во течноста се додаваат живи микроорганизми коишто создаваат протеин. Овој протеин понатаму подложи на сушење со цел да се формира прав богат со протеини. Процесот на производство може да се користи насекаде, во пустина, на Арктикот, па дури и во вселената, пишува Dezeen.

На овој начин се спречуваат и штетните емисии на стакленички гасови, а компанијата до 2022 година планира да произведе доволно протеинско брашно за две милијарди оброци годишно. Solein може да се користи како состојка во јогурти, шејкови, леб и разни тестенини.

Според тимот, тоа изгледа и има ист вкус како обично пченично брашно, притоа обезбедувајќи доволно протеини како растителните и животински алтернативи. Solar Foods планираат да аплицираа за ЕУ дозвола во текот на годинава, а од 2021 година сакаат да започнат и со производство.

Фото: Pixabay