Солопром на Саем за мебел: Ваша визија, наши материјали – заедно ги наоѓаме вистинските нијанси за Вашиот ентериер

553

Компанијата Солопром е еден од преку 400-те домашни и странски изложувачи што ќе учествуваат на овогодинашниот меѓународен Саем за мебел.

Оваа година Солопром ги претставува своите материјали и производи под слоганот

ВАША ВИЗИЈА, НАШИ МАТЕРИЈАЛИ
Заедно ги наоѓаме вистинските нијанси за Вашиот ентериер

glavnaВо разговор со Марјан Трајковски – координатор за малопродажба на компанијата, откриваме што стои зад овој слоган. Пред сè, вниманието е насочено не толку кон изложените производи, туку кон клиентите и нивно запознавање за сите придобивки што ќе ги добијат од тој производ. Тимот е целосно посветен, преку блиска комуникација да ги пресретне нивните барања. Најважно им е да ги запознаат клиентите со сите отворени решенија за проектот што сакаат да го направат, заедно да направат споредба меѓу материјалите и преку прашања и одговори да им го пренесат своето знаење кое дополнително ќе им помогне да го одберат вистинското решение.

slika_1

Солопром, како постојан учесник на Саемот за мебел изминативе 25 години, секогаш успева да го привлече вниманието на посетителите со производи кои ја обележуваат годината во светот – производи за свежи, оригинални ентериерни решенија и трендови.

Новитет е колекцијата на оплеменета иверка од Кроношпан TRENDS 16/17, којшто ја сочинуваат 11 модерни декори со мотиви на дрво. И оваа понуда е веќе во продажба, а наскоро ќе пристигнат и ПВЦ фолии од истите декори за пластифицирање на медијапан. Одлична можност за комбинирање помеѓу материјалите.

slika_2

Следниве материјали ќе бидат достапни за продажба наскоро после саемот. Тоа се колекција на метални рачки и закачалки од Полска, модел на композитен мијалник од Италија, декори на ламинатен под, избор на плотни со дрвен декор од повеќе производители, како и РИТМА-Кјуб, систем за фиоки со меко затворање, нов и подобрен систем на досегашните ТРИОМАКС фиоки, но со поекономична цена и модерен линеарен дизајн.

Бидејќи овој саем се одржува еднаш годишно, Солопром го кани секого да ги искористи овие неколку дена и да ја разгледа понудата на сите исложувачи без разлика дали имаат потреба од мебел или не. Убаво е да се има свежа слика за новитетите и трендовите во дрвната и индустријата за мебел, за дизајнот, материјалите и нивната употреба.

Изложбениот штанд на Солопром ќе го најдете во третата хала, десно по главната патека.

slika_3

slika_4

slika_5

slika_6

slika_7

Накратко да кажеме и за Витрина, подружница на Солопром. Штандот се наоѓа во преминот меѓу третата и четвртата хала на Скопски саем, односно во Анекс 3. Поставена е премиум селекцијата на материјали и оков за мебел на Витрина. Витрина е проект во кој се застапени 30 светски добавувачи, производители на високо квалитетни и ексклузивни материјали за ентериерно опремување.

slika_8

slika_9

slika_10

slika_11

slika_12

Дали ви е предизвик да донесете одлука, особено кога треба да искомбинирате бои и материјали, без разлика дали станува збор за парче облека, тепих или завеси, ѕидови и плочки, или да искомбинирате декори за вашиот мебел? И на крај, кога ќе се одлучите, се прашувате дали сте ја донеле вистинската одлука. За среќа, со љубезноста и стручниот кадар во Солопром, оваа задача ќе ви биде многу олеснета. Целосно ќе бидете информирани за материјалите и производите и нивната вистинска вредност.

П.С – Вреди да се напомене и брошурата што ја делат вработените на Солопром. Наместо класичен леток на кој се претставени нивни производи, одлучиле да ги информираат луѓето за нивните вредности, услуги и цели преку метафорични, комични илустрации. Секоја чест за идејата!!!

slika_13

soloprom_footer