Солопром Ве кани на Скопски саем за мебел 2017: Одберете ги материјалите да ја остварите Вашата визија

348

Тимот на Солопром со своите клиенти создава амбиент како со познаници и пријатели, каде преку заедничка комуникација сите би се информирале за квалитетите на производите и материјалите застапени во ентериерниот дизајн, како и придобивките што ќе ги добие секој кој ќе одлучи да ги вклучи во својот проект.

На овогодинешниот саем ќе Ви претставиме неколку новитети за различни сегменти во ентериерот. Ќе ни биде чест да Ве запознаеме со најновата понуда на кујнски апарати од престижниот бренд ELECTROLUX, како системот за фиоки RITMA CUBE. Ќе имате можност за прв пат да погледнете неколку нови декори на плотни и декоративни плочи за лица, плотните FENIX NTM со екстремно мат површина, елегантниот механизам за аголни кујнски елементи COMBI’S и …

… Ви велам, полесно е да нè посетите!

logo-1

Кога ќе го забележите ова лого, дојдени сте на вистинското место…

stand-3-3

Во третата хала изложени се само декоративните плочести материјали. Сепак, местово е мало да ја собере целата наша понуда.

stand-3-2

Овде се претставени плотните FENIX, со фолија изработена со нанотехнологија. Ќе Ве запознеме со сите придобивки што ги нудат и одблизу ќе може да ги тестирате.

mac-1

Иако се претставени само мал дел од декоративните плочи, ќе добиете првичен увид на расположливите комбинации на декорите и типовите на материјали. Сепак, за комплетно доживување, посетете го нашиот изложбен салон во Бутел 1, каде на поголеми парчиња можете слободно да ги комбинирате декорите.

stand-3

Кабина за јавни тоалети изработена од компакт ХПЛ и пропратен оков од нерѓосувачки челик.

hpl-folii

Стотина декора на декоративни ХПЛ фолии.

Во меѓувреме, во третиот анекс (преминот помеѓу третата и четвртата хала)…

tome-objasnuva

Нашиот колега, Томе, на заитересираните посетители им ги опишува квалитетите на гардеробниот систем за лизгачки врати – BRIDGE500. Овој исклучително цврст и проверен италијански производ, неколку години наназад за многумина е вистинскиот избор.

serveto-i-kafim

Декоративни елементи од италијанскиот гигант за гардеробни производи и механизми – SERVETTO. Десно, модуларниот систем KALI, исто така од италијански производител – CAFIM. Многу брзо и лесно може да го изградите вашиот гардеробер, дури и излогот на Вашиот бутик.

siber-sistem-i-mesan-shop

Лево, Шибер систем со меко затворање од ALBATUR, со надворешно поставување на вратите. Десно, НОВИТЕТ во Солопром, систем на профили за опремување на продавници.

mehanizmi-i-bela-tehnika

За првпат на нашите штандови, кујнски апарати од престижниот шведски бренд ELECTROLUX. Овде ќе имате можност одблизу да се запознаете со нашата понуда на исклучително штендливите апарати. Лево, нови механизми за висечки елементи и различни типови на системи за фиоки.

igor-4

Колегата Игор пред аголниот механизам за долни кујнски елементи од INOXA, уште еден реномиран италијански производител. Всушност, сите вагонетки и механизми во нашиот асортиман се нивно производство. Понудата е доста обемна и го пополнува целиот кујнски сегмент.

mijalnici

Повторно, ова е само мал дел од опширната понуда на ростфрајни и композитни мијалници коишто може да ги најдете во нашиот изложбен салон во Бутел 1.

Ќе ни биде чест и задоволство доколку нè посетите на годинешниот Скопски саем за мебел. Нашите материјали и производи ќе бидат изложени во ХАЛА 3, десно по главната патека и во третиот анкес, преминот меѓу третата и четвртата хала.

vasa-vizija-footer-580