Сонце и пораст на температурите

20

sonce-2-pexels

Фото: Pexels

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Утринската ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневна ќе се искачи до 25 степени.

Пораст на температурата ќе има и во наредните денови.

Во петок се очекува попладне да настапи нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.