Сончево и потопло, температури до 24 степени

13

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до осум, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до пет и со дневна до 23 степени.

Во сабота времето преку денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а веќе кон крајот на денот ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.