Сончево и топло до сабота, од недела дожд и ветер

14

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, потопло со умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време, со утринска температура до пет и со дневна до 18 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно и топло, додека во недела се очекува позначителна промена на времето која ќе се задржи во почетокот на наредната недела. Ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, појава на грмежи и ќе дува засилен ветер од северен правец.