Сончево и топло, од четврток топлотен бран

18

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 25 до 33 степени.

Скопје слично време со температура до 32 степени.

Во втората половина од неделата хидрометеоролозите најавуваат африкански топлотен бран. Од четврток се очекуваат исклучително високи температури кои во одредени делови од земјава ќе надминат и 40 степени. Покрај високите температури, синоптичарите најавуваат и УВ индекс 9.