Сончево и топло време, попладне услови за дожд

19

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, додека во попладневните и вечерните часови ќе има услови за дожд.

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер.

Утринските температури се движат од 10 до 21 степен, додека дневните ќе бидат од 27 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок и изнесува 9.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 35-от степен.