Сончево, попладне услови за дожд

22

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите ќе се движат од 24 до 33 степени, додека во Скопје температурата ќе достигне до 31 степен.