Сончево со мала облачност и температура до 36 степени

12

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер.

Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен и слаб локален дожд. Ветерот ќе биде слаб од јужен и југоисточен правец, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер.

Утринските температури се движат од 11 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе бидат од 25 до 36 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до 33-от степен.