Сончево со мала облачност, попладне можен дожд и грмежи

19

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне со изолирана појава на дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 24 до 33 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 30 степени.