Сончево со температура до 31 степен

12

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен јужен ветер, кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 21 до 31 степен.

Во Скопје и околината слично време со температура до 29 степени.