Сончево со температура до 33 степени

18

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Поради спуштање на посвежа воздушна маса од север, се очекува температурите да паднат за 4 до 5 степени. Потоа до крајот на работната недела ќе преовладува стабилно и потопло време. Дневната температура ќе се движи од 26 до 33 степени.