Сончево со температура до 36 степени

3

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Во поголемиот дел од земјата температурата благо ќе опадне. Ќе дува умерен јужен ветер, а на повисоките места и на планините повремено ќе се засилува. Дневните температури ќе се движат од 24 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.