Сончево со температури до 35 степени

16

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот и во вечерните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд, особено во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 35 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 32 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.