Сончево, ветровито и топло

17

Во Македонија времето ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури се движат од 11 до 19 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура е од 16, а максималната дневна температура ќе достигне до 31 степен, со вредност на УВ индексот 6.

Во наредните денови ќе биде претежно сончево, но со благ пад на температурите.