Sony со стартапот Light развиваат телефон со повеќе камери

19

Фото: Facebook

Стартапот под името Light, којшто е најпознат по своите камери со повеќе леќи, ги здружува силите со компанијата Sony. Ова партнерство има за цел развој на нови сензори за камери, што ќе ги користат леќите на Sony, пишува Engadget.

Компаниите ќе се занимаваат и со други проекти што ќе ја користат технологијата што ја развива Light, вклучувајќи развој на мобилни телефони со четири и повеќе камери.

Light развива технологија што овозможува дури 16 индивидуални камери да се сместат во еден мобилен телефон и заедно да креираат една фотографија што има резолуција од 52 мегапиксели. Од друга страна, Sony развива леќи и сензори што можат лесно да се вклопат со технологијата на Light.