Сообраќајот без застој, во зимски услови

24

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно во зимски услови, на места по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно по клисурите и засеците каде е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д. Капија-Удово и Катланово-Велес.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа-осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.