Сообраќајот се одвива непречено

12

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Патниот правец Р-1103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар. Сообраќајот е пренасочен преку Криволак, патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е во сила.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с. Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.