Сообраќајот се одвива непречено

14

Според најновите информации, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, пo суви и чисти коловози.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.

На патниот правец Велес-Кадрифаково се вршат геодетски мерења. Поради присутност на изведувачи на патот потребно е повнимателно управување со возилата. На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с.Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента. На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.