Сообраќајот се одвива по влажни коловози

16

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради свлечиште на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На овој патен правец има забрана за движење на тешки товарни возила.

Поради изведување работи на пат на патниот правец Велес – Скопје сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите, за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.

Патен правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.