Сообраќајот тековен по влажни коловози

20

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 23.05.2014 год. започнa изведба на градежни работи Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково Фаза 2 : од депонијата Велес до селото Лозово.

Сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.

На патниот правец Фурка – Дојран, Р-1105, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, како и почитување на поставената патна сигнализација.

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.