Сопственик на ресторан почна да наплатува влез: „Немав избор, гостите го разбираат тоа“

112

Сопственикот на еден ресторан во Германија вовел плаќање влезница во објектот за секој гостин што ќе дојде да јаде, освен за деца.

Билетот чини три евра, а причината е драстичниот раст на сите влезни трошоци – од намирници до енергија.

Хорст Ингендорн, сопственик на ресторан во германскиот град Ретингер, изјави за WDR дека нема избор.

„Месото е поскапо за 30 до 50 отсто, зеленчукот за 30 отсто. Маслото за јадење поскапе за повеќе од 100 отсто, а трошоците за енергија за 2.000 отсто“, се жали тој.

„Си реков дека сега морам да направам нешто. Наместо да го сменам менито и да ја зголемам цената на водата и другите услуги, решив да ги воведам тие три евра“, објаснува германскиот угостител, пренесува Пословни дневник.

„Гостите со кои разговарав го разбираат тоа и мислам дека отвореноста и искреноста се всушност прилично добри“, вели Ингендорн.