Сопственикот на луксузните брендови Kering го презеде францускиот производител на парфеми Creed

57

Сопственикот на луксузниот бренд Kering, кој ја поседува модната компанија Gucci, платил 3,5 милијарди евра (5,17 милијарди долари) за да го купи висококвалитетниот производител на парфеми Creed, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

Француската луксузна групација Kering го направи купувањето откако се откажа од плановите да започне козметички бизнис во сопствената компанија на почетокот од оваа година, пишува Ројтерс.

Се очекува договорот за откуп на 100 отсто од парфимеријата од фондовите под контрола на инвестициската компанија BlackRock да биде завршен во втората половина на оваа година.

Фото: facebook