Британскиот моден трговец Ted Baker се согласи да биде преземен за 211 милиони фунти од американската компанија Authentic Brands Group кој поседува бизниси како „Reebok“, „Forever 21“ и „Juicy Couture“.
Со ова, како што пишува Би-Би-Си, завршија неколкумесечните шпекулации за судбината на компанијата.
Ted Baker има нешто помалку од 400 продавници и концесии ширум светот, а одлуката за продажба доаѓа по неколку тешки години за компанијата.
Основачот на компанијата Реј Келвин – кој беше извршен директор од лансирањето на компанијата во 1987 година – поднесе оставка во 2019 година. Покрај коронавирусот кога продавниците беа затворени, во 2020 година беше откриено и дека компанијата ги преценила своите акции за 58 милиони фунти.
Седиштето на Authentic Brands е во Њујорк и управува со голем број брендови како Juicy Couture, брендот за спортска облека Reebok, како и брендови на културни икони како Елвис Присли и Мерлин Монро.
Исто така има партнерство со Дејвид Бекам каде што е косопственик и раководен со „глобалниот бренд“ на поранешниот англиски фудбалер.
Authentic Brands рече дека „верува дека Ted Baker е специфичен британски бренд за животен стил со богато, автентично наследство и препознатливост на клиентите низ целиот свет“ и дека „ќе биде добар чувар“ на името.











