Соработка меѓу Федерација на фармери и Шведскиот центар за соработка We Effect

17

Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) и We Effect (Шведскиот центар за соработка) во Занаетчиска комора на Скопје ќе имаат презентација на започнување на соработка во насока на развој и јакнење на земјоделското здружување.

Со овој проект се воспоставува официјална соработка за поддршка на ФФРМ активности во земјата за подобрување на севкупното земјоделство и агробизнис средина, со додавање на вредност на значењето на земјоделците.

Целта е да ги презентира активностите и ресурсите на располагање, со цел да се искористат за понатамошно подобрување на бизнисите во земјоделството и поттикнување на иницијатива за поголемо инволвирање на жените – фармери.