Соработка на здруженијата на бизнис жени на Македонија и Бих

46

Здружението на бизнис жени од Македонија денеска беше домаќин на претставнички од Здружението на жени претприемачки од Босна и Херцеговина, во рамки на активностите за градење меѓународна соработка и јакнење на женското претприемништво во ЈИЕ, јавува Миа.

Претседателките на македонското и на босанското здружение Валентина Дисоска и Аида Зубчевиќ на состанокот разговараа за можностите за соработка и за заедничко претставување на светските пазари.

Претставниците на Здружението на претприемачки од БиХ, според агендата, денеска треба да имаат средба со Групацијата на жени од Федерација на фармери, како и работна средба со членки на Здружението на бизнис жени.