Секојдневно се посакуваат многу нешта. Желбите на овој свет се безбројни. Некој посакува да отпатува до далечна дестинација, некој посакува да инвестира во својот кариерен напредок, некој посакува да го помине животот со саканата личност, некој посакува топла прегратка и среќно детство. Позади најзначајните и највредните нешта кои се посакуваат во животот и позади исполнувањето на секоја желба на светот се наоѓа едно заедничко нешто – љубовта. Со цел исполнување на скромните детски желби,отсега за сите оние кои посакуваат да подарат насмевка на децата без родителска грижа и децата во социјален ризик, ќе можат да го направат истото на поедноставен начин преку онлајн донации: https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/
Водени од желбата да се поттикне свеста за донирање кај граѓаните и да се истражи колку е моќна желбата да се помогне на оние на кои најмногу им е потребно, СОС Детско село реализираше социјален експеримент во Cineplexx во Скопје. Неколку анонимни лица подготвија специјални видео – пораки за своите најмили. Тие беа емитувани на големото платно и нивните најблиски беа целосно изненадени од најмоќната порака на светот – Те сакам. Но, најсилната реакција ја предизвика контрасната порака на детето без родители кое со своите желби за семејство и љубов ја потсети публиката во кино салата за важноста на помошта и донирањето за децата без родителска грижа и децата во социјален ризик во Македонија како и дека секое дете заслужува љубов и соодветни услови да сонува и да успее во животот.
Од денесka на влезот на Cineplexx во Skopje City Mall во Скопје е поставено посебно катче за сите оние кои сакаат да ги заменат незаменливите. Секој кој ќе донира преку специјалната касичка на СОС детско село или онлајн преку специјален таблет на лице место, ќе има можност да стане дел од ѕвезденото небо на СОС Детско село. Потребно е само желба да се помогне.
За сите кои сакаат да ја претопат својата добрина во соѕвездие на љубов, од денеска можат да донираат преку новата и подобрена официјална веб страница на СОС детско село: https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/.
Се повикуваат сите да ја пронајдат светлата точка во своите срца, бидејќи едноставно – секое дете ги заслужува ѕвездите.
Видеото од социјалниот експеримент можете да го погледнете во продолжение.