Фото: Kickstarter
Soshee е куче – робот што ги информира своите сопственици за известувањата од социјалните мрежи што тие ги користат. Кучето е високо 11 сантиметри, тежи 284 грама, а може да ја врти главата, стои, седи, оди и мрда со опашката.
Soshee се поврзува со паметен телефон преку Bluetooth и има кажува на своите сопственици кога им пристигнуваат известувања на социјалните мрежи на 12 различни начини (преку лаење, мрдање со опашката, седење и слично). Користи батерија што може да издржи два часа константна употреба. Доаѓа во три бои: црна, бела и кафена.
Овој уред го дизајнираше аниматорот Џон Нолан, чии анимации се појавија во филмовите Хари Потер и Пиратите од Карибите. Концептот е на претприемачот од Сан Франциско, Џејсон Бузи, а во тимот се и технологот Савана Петерсон и софтверскиот инженер Игор Дралју.
Soshee е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да собере 250.000 долари, а до крајот на кампањата остануваат уште 24 дена. Доколку кампањата успее продажбата ќе започне за неколку месеци, а ќе чини 169 долари.