Сосиете Женерал Груп потпиша договор со цел продавање на Охридска Банка Сосиете Женерал на Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ

36

На 28-ми февруари 2019 година во Скопје, Сосиете Женерал (СЖ), (акционер на Охридска Банка кој во моментот поседува 384.844 обични акции со право на глас издадени од Охридска Банка) и Штаермаркише Банка и Шпаркасе АГ (Штаер), постигнале договор согласно кој, и под одредбите и условите предвидени во таквиот договор, СЖ ќе ѝ ги продаде на Штаер акциите кои ги поседува во Охридска Банка, стои во соопштението.

Предвидената продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите (вклучувајќи ги правилата кои се однесуваат на конкурентски понуди) на Законот за преземање на акционерските друштва.

Управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка (Намера за преземање).

Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци, имајќи предвид дека истото е предмет на обезбедување одобрувања од страна на Народната банка на Република Северна Македонија, Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и сите неопходни странски регулаторни и антимонополски одобрувања. Охридска Банка АД Скопје, Сосиете Женерал Груп, во изминатите неколку години бележи рекордни резултати во своето делување, позиционирајќи ја банката на петто место на најголема банка по висина на средства, кредити и депозити на македонскиот банкарски пазар, активна во делувањето и со сегментот население и корпоративни клиенти.

Во наредните неколку месеци, Сосиете Женерал Груп и Штаер заедно ќе работат на добивање на потребните дозволи. Охридска Банка АД Скопје ќе продолжи да го услужува населението и корпоративните клиенти со истото ниво на квалитет и посветеност, спремајќи се за непречена транзиција за клиентите, обезбедувајќи притоа стабилност на нивниот однос со банката.