Состанок на македонско-унгарската комисија за економска соработка

11

42a4c360-5a85-4bd0-9ec6-2fad36930b16Првата седница на македонската делегација на меѓувладината мешовита комисија за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија, предводена од министерот за економија Ваљон Сарачини, денес и утре ќе се одржи во Будимпешта.

Мешовитата комисија ќе заседава во рамки на четирите работни групи: за развој на бизнис, соработка со мали и средни претпријатија и трговија, за енергетика, за земјоделство и индустрија и за туризам.

Во рамки на првата седница на Комисијата се очекува да бидат потпишани неколку договори за соработка меѓу двете земји. Делегацијата на Унгарија е предводена од државениот секретар за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот, Петер Сијарто, воедно претседател на унгарскиот дел на Комисијата.

За време на престојот Сарачини ќе оствари средба и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.