Компаниите Македонски железници и Коско С.А. од Грција денеска во Скопје ќе одржат заеднички состанок на кој ќе ги разгледаат можностите за создавање на патни и железнички мрежи од пристаништето Пиреа до Централна Европа преку територијата на Македонија, пишува Миа.
На состанокот ќе присуствуваат претставници од двете компании и стопанските комори, а најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.
Во рамки на состанокот ќе бидат презентирани и логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни патишта од и за Европа.













