Состанок за подобрување на воздушниот сообраќај во ЈИЕ

20

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија во соработка со EUROCONTROL денеска во Скопје организираат работилница ATM Regional Cooperation Workshop, на тема Идни чекори за зголемување на регионалната соработката, во насока на подобрување на воздушниот сообраќај меѓу земјите од Југоисточна Европа, пишува Миа.

На состанокот најавено е учество на директорите на Агенцијата за цивилно воздухопловство и на EUROCONTROL, Горан Јандреоски и Франк Бренер, како и претставници на воздухопловните власти од земјите од Балканот и пошироко.