Совет на ЕУ: Дополнителни 3,5 милијарди евра за сместување на бегалците од Украина

61

Советот на ЕУ донесе одлука според која до крајот на 2022 година на земјите-членки ќе им бидат достапни дополнителни 3,5 милијарди евра за предфинансирање на потребите на бегалците од Украина кои се на нивни територии.

Земјите-членки ќе добиваат средства пропорционално на бројот на бегалци што ги примиле, а со одлуката се воведува опцијата „единечна цена по лице“, која треба да овозможи поефикасно задоволување на основните потреби на раселените лица од Украина и нудење основна помош.

Средствата ќе бидат распределени од Програмата на ЕУ за закрепнување на пандемијата (REACT-EU) и Фондот за европска помош со зголемување на финансирањето на земјите од 11 за 15 проценти за сите земји-членки и дури 45 проценти за оние кои примиле бегалци, кои се повеќе од еден процент од своето население.