Совети како да се ослободите од замрзнатата шофершајбна

347

sofersajbna

Фото: Pixabay

Замрзнатата шофершајбна е секојдневен проблем на многу возачи кои немаат гаража каде што би го оставале автомобилот во текот на зимата.

Доколку наутро се брзате за на работа, а шофершајбната е замрзната, многумина би посегнале по некој остар предмет или шише со топла вода. Но, овој потег е погрешен, па дури и фатален бидејќи поради разликата во температурите можно е стаклото да пукне или да се оштети.

Погрешно е да ги вклучите и бришачите и да го испрскате стаклото со течност за чистење што се става во резервоарот. Бришачите би можеле да ја изгребат шофершајбната поради мразот, по што ќе се оштети и ќе ја намали прегледноста.

Еден од корисните начини за кратко време да се ослободите од мразот на шофершајбната е во пластично шише со распрскувач да ставите две третини алкохол, една третина вода и малку течност за миење садови.

Друг ефикасен начин да ја спречите појавата на мразот на шофершајбната е секоја вечер да нанесете течност направена од една четвртина оцет и три четвртини вода. Остатокот од течноста може да ја отстраните со крпа и веќе следното утро нема да има мраз на шофершајбната.