Совети од најголемите инвеститори на светот

123

Прочитајте што ви порачуваат некои од најголемите инвеститори на светот. Тие инвестираат милиони, а вие одлучете кои од советите на овие берзански гиганти е најдобар.

Џон Темплетон: Овој пат не е поинаку. Четири најопасни зборови во инвестирањето се: Овој пат е поинаку.

Бенџамин Грахам: Пазете се од прогнози. Апсурдно е да мислите дека јавноста може да заработи врз основа на пазарна прогноза.

Џек Богл: Загубите се реалност на пазарот. Ако ви е тешко да замислите загуба од 20% на пазарот на акции, тогаш не би требало да пловите во тие води.

Филип Фишер: Знајте ја вредноста на вашите инвестиции. Пазарот на акции е многу индивидуалци кои ги знаат цените, но не и вредноста.

Боб Фарел: Не придружувајте се на толпата. Луѓето купуваат најмногу акции од врвот, а најмалку од дното.

Чарлс Елис: Инвестирајте на долг рок. Во просек, долгорочното вложување никогаш не носи изненадувања, додека краткорочните го прават токму тоа. Сега знаеме како да се фокусираме, не спрема стапката на обрт, туку на докажаниот ризик.

Бил Милер: Размислете за тоа како пазарот прикажува информации. Обично тие се премногу негативни кога е лошо и премногу позитивно кога е добро.

Питер Линч: Направете ја домашната задача. Инвестирањето без истражување е како играње покер без да гледате во карти.

Фото: Pexels