Советување за значењето на термоенергетиката на јаглен

20

Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК) во соработка со Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија денеска организира советување на тема Значењето на термоенергетиката на јаглен за енергетските системи на Македонија, со посебен осврт на РЕК Осломеј.

На советувањето ќе се изнесат сознанијата за сите предизвици кои можат да настанат во подолг временски период од недостаток на квалитетен јаглен за потребите на нашите два носечки термоенергетски објекта, Термоелектраната во Битола и ТЕ Осломеј, давајки посебен акцент на РЕК Осломеј – Кичево.

За обезбедување на потребната количина фосилни горива, јаглен, нафта, природен гас, нафтени шкрилци и битуминозни карпи, се спроведуваат перманентни геолошки, геофизички и геохемиски истражувања на постојните и новите енергетски извори.