Современ дом од Прилеп со добивка од 10,7 милиони денари ја заврши ланската година

39

sovremen-dom-prilep

Современ дом од Прилеп, од јануари до декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 10.774.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивка од 18.045.000 денари прикажа компанијата во билансот на успех за 2015 година.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември 2016 година, изнесуваат 232.406.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, остварени се 114.965.000 денари, додека поголемиот дел од 117.441.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Современ дом од Прилеп егзистира како ревитализирана компанија со обновени и реновирани објекти коишто се прилагодени за издавање под закуп на различни производни и трговски компании.