Создаден дрон со карактеристики и големина на колибри

163

Научници од Универзитетот Purdue создадоа мини дрон со големина на колибри и со карактеристики слични на најмалата птица на светот. Распонот на крилјата е само 17 сантиметри, а тежината изнесува 12 грама.

Освен тоа, дронот може да подигне тежина двојно поголема од сопствената, односно до 27 грама. Целата механизација е “спакувана“ во тело испечатено во 3D технологија, а крилјата се изработени од јаглеродни влакна и мембрани. Неговата минијатурна градба и флексибилност овозможува да се движи на места каде други поголеми дронови не би можеле.

Научниците како тест го пратија колибри – дронот во разрушена зграда да бара преживеани и да процени штета. Со помош на електрично чувство за допир, дронот може да се движи во темница, а околината ја анализира преку алгоритми со вештачка интелигенција. Тимот во иднина, за да ја подобри функционалноста на машината ќе додаде камери, GPS, сензори, како и батерии што ќе овозможат дронот на лета самостојно.

Фото: Purdue University