S&P предупреди за можно намалување на кредитниот рејтинг на Триглав

40

Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s објави предупредување за можната негативна промена на кредитниот рејтинг на Република Словенија, а како директна последица на ова, објави предупредување за можната негативна промена и на кредитниот рејтинг на групацијата Триглав.

Долгорочниот кредитен рејтинг на групацијата Триглав, кој во моментов е A- и кој се однесува на Заваровалница Триглав д.д. и неговата подружница Позаваровалница Триглав Ре д.д., според Standard & Poor’s може да биде намален.

Агенцијата предвидува дека поради финансиски потешкотии,  на Р. Словенија ќе и биде најверојатно потребна вонредна финансиска помош. Можниот пад на долгорочниот  кредитен рејтинг на групацијата Триглав ќе зависи од степенот на намалување на долгорочниот кредитен рејтинг на Р. Словенија.