SpaceX на Маск доби нови 1,9 милијарди долари

50

Компанијата SpaceX, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск, доби 1,9 милијарди долари нови средства, според поднесокот до американските регулатори.

Според повеќе медиуми, ова е најголемата поединечна рунда прибрани финансиски средства за SpaceX досега. Така, вредноста на капиталот на оваа приватна компанија што се занимава со производство на ракети и вселенски летови, по оваа трансакција ќе изнесува 46 милијарди долари.

По успешното лансирање и спојувањето на модулот Crew Dragon со Меѓународната вселенска станица, Маск најави дека следниов период најголемиот приоритет на неговата компанија ќе биде изградба и развој на големи превозни средства за пат до Месечината и Марс.Фото: Facebook