Спас за бензинците и дизелашите: Се знае колку би можело да чини синтетичкото гориво

237

Европската унија планира да ги забрани автомобилите на бензин и дизел во 2035 година, со еден исклучок – тие да работат на климатски неутрално синтетичко гориво. Компаниите како Порше и Тојота многу се трудат да ја започнат таа индустрија, што би им овозможило да го продолжат животот на нивните икони како 911 или Land Cruiser.

Во Порше сметаат дека со индустриското производство на синтетички горива може да се обезбеди цена помала од две евра за литар. Исто така, некои производители на моторни масла веќе ја споменуваат можноста синтетичките горива да чинат околу 80 центи за литар, пишува HAK revija.