Специјални туристички коридори – спас за летната сезона?

76

Здружение на туристички агенции од Чешка предлагаат создавање на специјални воздушни и патни коридори за здрави туристи кои не мора да бидат во 14-дневна изолација, пишува Јутарњи лист.

Можно е, како што се наведува, туристичката сезона во Хрватска да ја спасат туристи од Чешка, чии здруженија развиваат модел што би им помогна без посебни проблеми да летуваат на Јадранот. Тие преку посебен допис се обраќаат до властите во Хрватска од каде што предлагаат нивните туристи кои имаат здравствени потврди со коишто се гарантира дека не се заразени со Ковид-19 да може да патуваат во земји со ниска стапка на пандемија, како што се Хрватска и Словенија.

Потоа, предвидуваат склучување на посебни договори и создавање на специјални воздушни и патни коридори наменети за патување само на здрави туристи, кои не би морале да остануваат во двонеделна изолација.

Фото: Pixabay