Во рамки на европската недела за мобилност, во хрватската престолнина е претставен проектот Spin City, којшто во Загреб ја носи можноста за споделување на половни автомобили за превоз, пишува Bug.hr.
Од следната година низ улиците на Загреб ќе бидат распоредени 30 возила, од кои 10 ќе бидат на електричен погон. Пред првото користење на услугата, граѓаните треба еднократно да се регистрираат преку интернет страницата на Spin City, а потоа ќе им биде потребна само возачка дозвола и паметен телефон.
Преку паметниот телефон, корисникот ќе може да го лоцира најблиското возило и да го отклучи.
Основната цена на користењето на автомобилот е половина евро за една минута.
“Car sharing на граѓаните им овозможува заедничко користење на возилата. Станува збор за решение коешто ги поврзува економијата на споделување со современата ’зелена’ економија со примена на современа технологија. Преку системот на Spin City граѓаните ќе може да изнајмат возило онолку колку што им е потребно. Со тоа се подобрува квалитетот на животот на сите сограѓани“, изјави Матија Крзнар, директор на компанијата Urban Mobility, којашто ја нуди услугата Spin City.
Проценките велат дека едно возило од car sharing успешно заменува до 10 возила во приватна сопственост.