Splinter – супер автомобил од дрво

Splinter-Wooden-Supercar-1Американскиот дизајнер Џо Хармон заедно со својот тим создадоа уникатен супер автомобил од дрво, пишува Motoroids.

Таканаречениот Splinter е инспириран од дрвениот авион De Havilland Mosquito од Втората светска војна, којшто го движеле два моќни V12 Rolls Royce мотори, правејќи го најбрзото воздушно летало во тоа време.

Splinter е осмислен како супер автомобил со високи перформанси, иако најголемиот дел од него како школката, шасијата, тркалата и ентериерот се направени од дрво.

Шасијата е изработена од свиткан и обликуван ламинат, којшто е споен и прикован со цел да се обезбеди сигурност при возењето. Голем предизвик биле стилизираните облини, за чија изработка тимот морал да ткае ленти од дрво во ткаенина.

Автомобилот го движи 7.0 литарски V8 мотор, којшто има шестостепен пренос, а дизајнерскиот тим потрошил повеќе од пет години за овој концепт да стане реалност.
IMG_2020100_49521449098421053IMG_03231449098421053 (1)