Спојувања и аквизиции од 3,5 милијарди долари и покрај пандемијата во Турција

59

Иако пандемијата предизвикана од Ковид-19 запре многу од деловните зделки за спојувања и аквизиции во светот, во првите шест месеци од оваа година во Турција се реализирани вакви активности во висина од 3,5 милијарди долари, пренесуваат турските медиуми.

И покрај пандемијата, се верува дека вредноста на спојувањата и аквизициите годинава ќе ја надмине онаа од 2019 година, кога беа 5,3 милијарди долари.

Во меѓувреме, истражувањата покажуваат дека на глобално ниво спојувањата и аквизициите бележат пад од 14%, а кај вкупниот број на трансакции има намалување од 16%.

Една од најголемите аквизиции во Турција беше онаа на гејмерската компанија од Истанбул, Peak, за 1,8 милијарди долари.

Фото: Pixabay