Спојувања и аквизиции во регионот во 2020 година

44

Спојувањата и преземањата во Централна и Источна Европа во текот на 2020 година бележат пад од 22%, но вредноста им порасна за 29% на 28,5 милијарди евра.

Според анализата на австриската компанија Wolf Theiss и Merger Market, покажува дека регионот се соочи со сериозни последици поради пандемија, а дури 29% од испитаниците морале да се откажат или да ги одложат трансакциите поради актуелната ситуација.

Таканаречениот ТМТ сектор, што вклучува технологија, медиуми и телекомуникации, забележа голем пораст на вредноста во услови на пандемија, па минатата година реализираше спојувања и аквизиции во вредност од 8,3 милијарди евра, што е 29% удел во вкупниот број трансакции.

Фото: Freepik