Спојувањата и аквизициите во Турција лани достигнаа 5,54 милијарди долари 

40

Фото: Pixabay

Спојувањата и аквизициите во Турција во текот на 2018 година достигнаа вредност од 5,54 милијарди долари, што е највисоко ниво во последните шест години, пренесува Daily Sabah.

Вкупно 223 спојувања и аквизиции се реализирани во текот на минатата година.

Од 85 трансакции, 38 трансакции се реализирани од страна на турски државјани, во три трансакции сите страни биле странци, додека во 44  трансакции се вклучени и турски и странски компании.