Sport Bar и Sport muesli, нова протеинска линија од Виталиа

115

Vitalia Sport bar i Sport muesli

Истражувањата покажуваат дека  бројот на физичко-активните лица кои размислуваат во насока на менаџирање на својата тежина секојдневно се зголемува. Истовремено се  зголемува и свесноста за здрави прехранбени навики кое наметнува потреба од наменски здрави продукти за надополнување на енергијата кои се нутритивно богати и кои ги следат трендовите во исхраната.

Диеталните влакна и протеините се потврдени состојки во креирањето на ситост и градењето на мускулна маса. Токму затоа Виталиа ја создаде новата линија Sport Bar и Sport muesli – единствениот протеински бар и мусли на пазарот кои нудат богата содржина на нутриенти специјално дизајнирани за спортски активните лица. Како извор на протеини, јагленохидрати и масти, ги задоволуваат потребите за брзо ослободување на енергија и  постигнување на оптимална телесна тежина.

Sport Bar е понуден во две варијани и тоа посен и регуларен, при што потрошувачите можат да изберат два вкуса: ананас и чоколадо. Протеинскиот состав е извонредно богат во просек 20g во 60g бар (или 30% протеини). Оригиналноста на продуктот е и во содржината на суперхрана и тоа киноа и хељда кои дополнително ја зајакнуваат нутритивната вредност на продуктите.

За оние кои сакаат протеински оброк во форма на мусли Виталиа го разви Sport кранчи мусли со вкус на кокос и темно чоколадо кое ги има истите важни атрибути како и Sport баровите.

“Виталиа процени дека е вистинско време на своите потрошувачи да им понуди протеинска иновација, формулирана од здрави и природни ингридиенти, која ќе допринесе за зголемување на физичките перформанси. Нашите потрошувачи се секогаш во центарот на вниманието, а новата здрава  SPORT протеинска линија на Виталиа е поддршка во нивната определба на најздрав начин да ги постигнат посакуваните врвни резултати, изјави г-ѓа Искра Ветаџокоска Муцунска, ко-сопственик на Виталиа.

Ефектите од конзумирање на Спорт линијата се воочуваат преку зголемувањето на физичките перформанси на телото, т.е. зголемување на силата и мускулната маса, во надополнување на потрошената енергија на организмот за време на активностите и олеснување на тегобите од напорните тренинзи. Со новата протеинска линија Виталиа внесува нова возбуда и квалитет во исхраната на спортски активните потрошувачи. Виталиа го најавува и летниот спортски карван на дегустации на новата линија, а секој оној кој е физички активен во овој период ќе има можност да биде дел од истиот.

Иновативноста и оригиналноста на новата спорт линија на Виталиа ќе ја зајакне врската помеѓу потрошувачите и нивната доверба во брендот Виталиа како лидер во својот сегмент  целосно посветен на здравјето на своите консументи.